Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лев за подвигот на Бразил од 1962: Ќе биде тешко, но гладот и желбата се присутни

Лев за подвигот на Бразил од 1962: Ќе биде тешко, но гладот и желбата се присутни

lev

Селекторот на Германија, Јоаким Лев истакна дека на неговата репрезентација ќе и биде исклучително тешко да ја одбрани светската титула, но додаде и дека постои голема желба кај неговиот тим.

Репрезентацијата на Германија ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена пред четири години во Бразил и така да стане втората репрезентација на која и успеало такво нешто после Бразил во 1962 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак Лев знае дека ќе биде тешко.

„Такво достигнување е навистина тешко, но гладот и амбициите дефинитивно се присутни“, изјави Лев на конференцијата за новинари.

И покрај тоа што скоро цела сезона беше повреден, Мануел Ноер ќе биде неговиот прв избор.

„Изгледа самоуверено на тренинзите, тоа е Мануел Ноер каков што го познаваме. Многу мирен, стабилен и расположен“, заврши Лев.

Германија денес го започнува Мундијалот со натпреварот против Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…