Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лев за изоставувањето на Лерој Сане: Беше тешка одлука, одлучив во „фото-финиш“

Лев за изоставувањето на Лерој Сане: Беше тешка одлука, одлучив во „фото-финиш“

Светската фудбалска јавноста остана шокирана после исфрлувањето на Лерој Сане од списокот на германската репрезентција.

Лерој Сане имаше фантастична сезона во дресот на Манчестер Сити и навистина изненадувачка е одлуката на Лев да не го смести помеѓу патниците на Мундијалот во Русија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалскиот свет чекаше објаснување од Лев кој се огласи во медиумите.

„Тоа беше навистина тешка одлука, требаше да бирам помеѓу Јулијан Брендт и Лерој Сане. Го избрав Брендт во „фото-финиш“. Дракслер, Ројс и Милер се спремни, а Лерој е огромен талент. Не одигра како што знае во репрезентацијата, но секако тој ќе биде повторно со нас од септември“, изјави Лев.

И навистина Сане навистина не е остави посебен впечаток во дресот на Германија. Одигра 12 натпревари, не постигна ниту еден гол и запиша само една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…