Селекторот на Германија, Јоаким Лев ја пофали одлуката на Даниеле де Роси да одбие да биде замена на дуелот со Шведска и истакна дека жали што „аѕурите“ нема да играат на Мундијалот.
Во реванш натпреварот „аѕурите“ бркаа негатива од 1:0 против Шведска, но натпреварот заврши без голови. Во еден момент Де Роси одби да влезе во игра и побара од селекторот да стави напаѓач наместо него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прочитав дека Де Роси одбил да биде замена бидејќи им е потребен напаѓач. Според мене, тој потег е само одраз на неговата големина“, изјави Лев.
„Тажно е тоа што и се случи на Италија, би бил посреќен и тие да играа на СП. Го гледав натпреварот. Швеѓаните добро се бранеа и дадоа се од себе. За така голем турнир е вистинска штета што нема да ја има Италија. Ова е шанса за нов почеток, некои играчи ја завршија кариерата. За нив имам најголема почит, тие се чиста класа“, заклучи Германецот.
Покрај Буфон од националниот дрес се простија уште Де Роси, Барзаљи и Киелини.