Дома Топ вести Леванте го продолжил договорот на Барди до 2024 година

Леванте го продолжил договорот на Барди до 2024 година

Леванте дефинитивно нема да го загуби Барди бесплатно ова лето. Шпанскиот „Кадена Сер“ објави дека договорот на македонскиот репрезентативец е продолжен до 2024 година.

Барди долго време се поврзуваше со трансфер, се споменуваа неколку клубови и оваа зима, но на крајот до трансфер не дојде. Според информациите од Шпанија сега последнопласираниот клуб во Ла Лига ја искористил опцијата да го продолжи договорот на Барди едностарно на уште две сезони.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со овој потег во Леванте се обезбеудваат дека нема да го загубат македонскиот фудбалер бесплатно идното лето, без оглед дали клубот ќе избори опстанок во шпанската елита.

Шпанскиот клуб има финансиски проблеми и до лето треба да обезбеди 10 милиони евра, а токму најголем дел од тие пари би можеле да ги обезбедат со продажбата на Барди. Во редовите на Леванте Барди пристигна во 2017 година од унгарскиот Ујпешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…