Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски потврди дека ова лето добил многу понуди на своја адреса.
По завршувањето на сезоната неговиот агент изјави дека Левандовски сака да си замине до Баерн поради недостаток на поткрена од раководството. Полјакот беше незадоволен затоа што на крајот на сезоната беше прогласен за виновник поради слабите резилтати во ЛШ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не сум разочаран што останав во Баерн. Но кога почувствував различен однос на клубот кон мене, решив да го кажам тоа отворено. Сакам да покажам дека ако нештп не ми се допаѓа, можам и да си заминам“, изјави Левандовски.
Левандовски доби гаранции од раководството дека е еден од најважните фудбалери во тимот и реши да остане на „Алијанц Арена“.
„Знаев дека каква понуда да пристигнеше одговорот на Баерн ќе беше НЕ. Останувам во клубот и повторно ќе се борам за остварување на највисоките цели“, заклучи 30-годишниот напаѓач.
Robert Lewandowski is set to make his 100th cap for ?? . In 99 games, he scored 55 goals and made 18 assists! #FCBayern pic.twitter.com/tyLuo8MDtV
— Home Bayern (@HomeBayern___) October 10, 2018