Големи пофалби на сметка на Роберт Левандовски денес испрати тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.
Младиот тренер кој од поодамна прави чуда во Бундеслигата е воодушевен од она што Левандовски го прави на теренот. За него Левандовски нема потреба да тренира до крајот на кариерата затоа што повеќе нема што да учи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со сете почит кон сите други, но Роберт Левандовски повеќе нема потреба да тренира. Тој може да направи се, нема што повеќе да научи. Потребно е само да работи физички тренинзи за да биде спремен за викендот“, порача Нагелсман.
Со оваа изјава Нагелсман покажа голема почит кон фантастичниот напаѓач. Тоа не е никакво чудо затоа што Левандовски веќе неколку години наназад игра фантастично и постигнува голови.