Дома Фудбал Германија Левандовски пет сезони во низа постигнува 40 голови во дресот на Баерн

Левандовски пет сезони во низа постигнува 40 голови во дресот на Баерн

Фудбалерите на Баерн денеска славеа на гостувањето кај Унион Берлин со 0:2, а еден погодок постигна Роберт Левандовски.

За него тоа беше 40. погодок оваа сезона во сите натпреварувања. Постигна 26 погодоци во Бундеслигата, 11 во ЛШ и три гола во Купот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откако го постигна денешниот погодок, тоа е гол кој означи дека за Левандовски ова е дури петта сезона во низа во која постигнал 40 погодоци.

Ова е одличен успех за фудбалерот на Баерн кој важи за еден од најдобрите напаѓачи на светот, а до крајот на сезоната бројот на постигнати погодоци со сигурност ќе се зголемува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…