Дома Трансфер зона Левандовски искрен: Сакам да го напуштам Баерн, имам договор со Барселона

Левандовски искрен: Сакам да го напуштам Баерн, имам договор со Барселона

Роберт Левандовски уште еднаш отворено ја соопшти својата одлука да го напушти Баерн Минхен ова лето.

Левандовски иако има уште една година од договорот со Баварците побара од клубот да му дозволи трансфер, а сега откри и дека има договор со Барселона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тој недвосмислено потврди дека неговото време во Баерн е завршено и сака нов предизвик.

„Ниту една друга понуда не беше разгледана освен таа од Барселона. Веќе почнав да зборувам шпански. Имам куќа во Шпанија. Сакам да го напуштам Баерн. Тоа е јасно“.

„Секогаш бев лојален кон Баерн, играв дури и кога бев повреден. Но едноставно имам потреба за промена, за повторно да почувствувам нови предизвици“, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…