Дома Фудбал Останато Левандовски конечно проговори за можниот трансфер во Реал и ги изненади сите

Левандовски конечно проговори за можниот трансфер во Реал и ги изненади сите

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски игра одлично и оваа сезона, постигна 20 гола и убедливо е првиот стрелец во Бундеслигата.

Полјакот веќе некое време се поврзува со заминување од Минхен, а наводно најсериозна опција е Реал Мадрид кој навистина долго време го сака во своите редови. Сепак, напаѓачот тврди дека не размислува за својата иднина, како и дека е фокусиран само на германскиот клуб.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Не размислувам за својата иднина, ниту учествувам во разговорите за трансферите. Играм за Баерн и сакам да дадам се од себе за овој клуб. Единствено сум фокусиран само на тоа. Доколку сега би размислувал за шпекулациите кои ме поврзуваат со Мадрид, би го загубил фокусот и приоритетот, што би влијаело врз моите настапи“ изјави напаѓачот.

Потсетуваме, Левандовски во Баерн пристигна во 2014. година од Борусија Дортмунд и до сега за Баварците постигна 137 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Келн повредени над 1.300 навивачи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Келн успеаја да се вратат во Бундеслигата што предизвика неизмерно славје м…