Дома Трансфер зона Левандовски има само две опции

Левандовски има само две опции

Гласините за заминувањето на Роберт Левандовски од Баерн по осум години стануваат се почести и конкретни, а според последните информации полскиот центарфор веќе одлучил негов следен клуб да биде Барселона. Прашање е само дали ќе се пресели таму летово или следното.

Левандовски сака да оди во Барселона, не преговара ни со други клубови, само чека Баерн да донесе конечна одлука и да најде потенцијална замена“, објави познатиот новинар и експерт за трансфер, Фабрицио Романо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ова значи дека Левандовски има само две опции – да се пресели во Барселона или да остане во Баерн уште една година, до истекот на неговиот договор, кога ќе може без обештетување да пристигна на „Камп Ноу“.

Исто така, не е само прашање дали Баерн воопшто има намера да го продаде, туку и дали Барселона може да ги исполни финансиските барања на германскиот клуб ако одлучи да го продаде, со оглед на кризата што го тресе последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…