Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста на лето да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Приоритет на „црвените ѓаволи“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Рангник смета дека Левандовски би бил идеално решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
33-годишниот напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, но се уште нема најава за продолжување на соработката.
Левандовски не крие дека сака да има исктво во друга лига, а таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Манчестер Јунајтед.
„Билд“ пренесува дека Јунајтед веќе испратил богата понуда до Левандовски до 2025 година, па сега се очекува Баерн да донесе одлука дали ќе прифати продажба на својата ѕвезда.