Дома Фудбал Германија Левандовски е лут – Напаѓачот ја критикуваше управата на клубот

Левандовски е лут – Напаѓачот ја критикуваше управата на клубот

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја критикуваше одлуката на клубот во претсезонската сезона да играат пријателски натпревари по Азија.

Баерн во текот на подготвителниот период забележа слаби резултати. Доживеа пораз од Наполи, Ливерпул, Интер и Милан. Полјакот смета дека екипата не е соодветно подготвена за сезоната.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Не имавме време за тренинг на подготвките, имавме многу пријателски натпревари, не помогнавме. Сега имаме две недели во кои можеме да го надоместиме она што не го направивме за време на подготвителниот период“, изјави Левандовски.

Инаку, Баерн денеска официјално ја отвори новата академија за млади возрасти во кои вложи 70 милиони евра.

„Ова е наш одговор на лудоста на пазарот. Горди сме и среќни што дадовме вистински одговор за тоа како размислуваме“, изјави Ули Хенес.

Баерн во првото коло од Бундеслигата го совлада Баер со 3:1, додека претходно го освои германскиот Суперкуп со победата над Дортмунд по пеналите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…