Полскиот напаѓач постигнал договор.
Како што пренесуваат германските медиуми, Роберт Левандовски ќе го продолжи договорот со минхенски Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот гоглетер во Минхен пристигна во 2014 година како слободен играч од Борусија Дортмунд.
Левандовски во Баерн стана еден од најдобрите стрелци кои ги имала Бундес лигата. Постигна 191 гол на 242 натпревари за клубот од Минхен.
Со Баерн освои пет титули во Германија, два купа и два Суперкупа.
Најдобар стрелец во Бундес лигата беше четири пати, три пати со Баерн. Најдобар стрелец беше и во неодамна завршената сезона.
Сега тој донел одлука да го продолжи договорот со шампионот на Германија. Според новиот договор тој ќе остане на „Алијанц Арената“ до 2023 година.