Дома Останати Кошарка НБА Леброн повторно покажа класа за победа на Лејкерс, но ѕвездата на вечерта е Џими Батлер! 🎥

Леброн повторно покажа класа за победа на Лејкерс, но ѕвездата на вечерта е Џими Батлер! 🎥

Изминатата вечер се одиграа два натпревари од плеј-офот во НБА лигата во кои Лејкерс по продолженија беа подобри од Мемфис со 117:111, додека Мајами го совлада Милвоки со 119:114.

Лејкерс со победата стигнаа до водство од 3:1, а во овој натпревар одново Леброн поикажа зошто е еден од најдобрите во историјата. „Кралот“ постигна 22 поени и запиша 20 скокови водејќи го својот тим до триумф.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


 Леброн е првиот кошаркар на Лејкерс по Шекил O’Нил во 2004 година кој успеал на еден натпревар да има повеќе од 20 поени и скокови.

Ѕвездата на вечерта сепак е Џими Батлер кој против Милвоки постигна 56 поени за победа на својот тим. Мајами сега како и Лејкерс има предност од 3:1. На Милвоки не помогна ниту трипл-даблот на Јанис Антетокумпо кој го заврши натпреварот со 26 поени, 10 скокови и 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…