Кошаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер на свој паркет беа поразени од Портланд (119:127), но резултатот на овој натпревар беше во втор план затоа што мечот беше во знак на Коби Брајант.
Лејкерси вчера за прв пат играа во „Стејплс центарот“ после трагедијата на еден од најдобрите кошаркари во историјата. Брајант животот го загуби во падот на хеликоптерот во неделата во близина на Лос Анџелес. Во оваа несреќа покрај Коби загинаа уште осум лице, помеѓу кои беше и 13 годишната ќерка на Брајант, Џана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред почетокот на натпреварот беа одржани говори, се обрати и Леброн Џејмс.
„Имам нешто напишано, бараа од мене да одржам говор, но Лејкерс нацио нема да ви го продавам ова сра*е што го пишува и ќе ви зборувам од срце. Семејството секогаш е на прво место и додека ве гледам вас во салата, гледам дека сите сме за жалење, повредени и скршени. Кога доаѓав во Лејкерси ми кажуваа дека ова е едно семејство и во неделата видов дека тоа е вистина. Ова е навистина семејство и знам дека Коби, Џана и Ванесе ви се благодарни на тоа“.
„Вечерва го славиме момчето кој дојде тука на 18 години. Коби ми е брат и додека бев во средно и го гледав, водевме големи битки на теренот и делевме иста желба да бидеме најдобри во тоа. Со соиграчите ќе го продолжам она што тој го остави. Ќе играме кошарка затоа што тој тоа најмногу го сакаше“.
LeBron James addresses the crowd before the game and shares touching words about Kobe Bryant. pic.twitter.com/DLjjhC5ALy
— TSN (@TSN_Sports) February 1, 2020