Најдобриот кошаркар во светот Леброн Џејмс собра сили да се огласи на Инстаграм после смртта на неговиот пријател Коби Брајант.
Џејмс и Брајант беа големи пријатели, а Коби последниот статус на друштвените мрежи го посвети на Леброн. Брајант животот го загуби во хеликоптерската несреќа во неделата во која настрадаа уште осум лица меѓу кои беше и неговата 13 годишна ќерка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во тие моменти кошаркарите на Лејкерси се враќаа од Филаделфија и во авионот ги дознаа трагичните вести. Џејмс беше во центарот на вниманието бидејќи плачеше додека излегуваше од авионот и одеше кон својот ден.
„Не сум спремен, но еве. Човече седам тука и се обидувам да напишам нешто, но секогаш кога ќе се обидам почнувам да плачам мислејќи на тебе, Џиџи и пријателството/братството кое го имавме. Буквално го слушнав твојот глас во неделата наутро пред да тргнеме од Филаделфија назад за ЛА. Не можев да замислам дека тоа ќе биде нашиот последен разговор. ВТФ!!! Скршен сум и уништен брате. Те сакам голем брате“.
„Моето срце е со Венеса и децата. Ти ветувам дека ќе продолжам да те следам. Толку им значеше на сите во Лејкерси и моја одговорност е да го облечам дресот и да продолжам. Те молам да ми дадеш сила и да ме гледаш од небото. Уште многу сакам да ти кажам, но не можем сега. Едноставно не можам. До следно видување голем брате“….