Ќе остане ли Леброн Џејмс и наредната сезона во Кливленд?
Прашањето кое се почесто се поставува во кошаркарската јавност во Америка наскоро би можело да добие и конечен одговор. Сепак, не оваа зима туку по завршувањето на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кавси не изгледаат добро, а после уште еден чуден пораз во кој прокоцкаа водство од 21 поен разлика, гласините за разделба се повторно актуелни.
„Овде сум долгорочно, сигурно до крајот на сезоната. Мораме да сфатиме како се натпреваруваме. Не можам само така да се откажам од соиграчите, не би можел да го направам тоа“, изјави Џејмс и јасно порача дека нема да видиме сенцазионален трансфер, барем не засега.
„Премногу труд вложуваме во секој натпревар. Победуваме, губиме или пак играме нерешено, на крајот на денот сите сме браќа. На соиграчите им должам заедно да ја завршиме сезоната, без разлика на каков начин. Никогаш не би можел да ја отфрлам својата „no trade“ клазула“, изјави Леброн.
Уште минатото лето можеше да се почуствува дека разделбата е блиску, неколку пати се споменуваше дека Лејкерси го сака Џејмс, а неодаман како бомба одекна веста дека Голден Стејт би можел да започне преговори со Џејмс.
Тука не е крајот на шпекулациите за иднината на Леброн. Одредени американски медиуми тврдат дека Џејмс не е во добри односи со дел дел од соблекувалната, но и со генералниот менаџер Коби Алтман.