Дома Фудбал Италија Леао: Можам да бидам како Роналдо и Мбапе!

Леао: Можам да бидам како Роналдо и Мбапе!

Португалецот, Рафаел Леао 2023-та година ја заврши со свирежи од „Сан Сиро“, а тоа направи да се најде во центарот на вниманието на стартот на Новата Година.

Леао имаше подготвено одговор за критичарите и нагласи дека тоа му е дополнителна мотивација, а во последното интервју зборуваше и за својот фудбалски идол.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Свесен е Леао дека не е констатно добар за да биде сметан како еден од најдобрите во светот, меѓутоа се стреми и верува дека може да стигне до тоа ниво.

„Мој идол е Кристијано Роналдо. Можам да бидам како него или Мбапе, можам да дојдам до тоа ниво, но во овој момент не сум толку голем егоист.

Можам да постигнувам голови, но ако сум во можност да асистирам ќе го направам и тоа. Во овој момент во фудбалот се гледаат само бројките, тие се на страна на Халанд, Мбапе и Меси. Кога ќе размислувам како нив, ќе стигнам и до нивното ниво“, изјави Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова не се гледа секој ден: Роналдо изведе традиционален саудиски танц (Видео)

Во возбудлив фудбалски меч кој ги држеше навивачите на раб на своите седишта до последниот…