Сергеј Милинковиќ Савиќ веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со заминување од Лацио, но барем засега се уште е во клубот.
Пред кризата направена од пандемијата со коронавирусот Клаудио Лотито не сакаше да слушне да го продаде за сума пониска од 120 милиони евра, меѓутоа сега ситуацијата сега е поинаква.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми денес пишуваат дека Лацио сега ќе се согласи да го пушти Савиќ и за 80 милиони евра.
Реал Мадрид е спремен да ја плати оваа сума и претставници на „кралскиот“ клуб се во постојан контакт со менаџерот на СМС и ќе направат се за да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.