Холандскиот дефанзивец Стефан де Врај може да замине од Лацио во јануари само доколку некој клуб понуди 30 милиони евра, пренесуваат медиумите на Апенините.
Раководството на Лацио нема ни да разгледува понуди помалу од 30 милиони евра. Притоа, одлучено е дефанзивецот да не биде продаден на директните ривали во борбата за место кое води во ЛШ, односно на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што значи дека Де Вриј во зимскиот преоден рок може да биде продаден само надвор од Серија А, а интерес за Холанѓанецот покажуваат Зенит и Валенсија.
Доколку не дојде до продажба, Де Вриј на лето ќе замине како слободен играч бидејќи му завршува договорот со Лацио,
Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент преговара со Интер и Јувентус и најверојатно Холанѓанецот следното лето ќе се пресели во некој од овие два клуба.