Раководството на Лацио е спремно да ја намали цената на српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Лацио за слободата на Милинковиќ-Савиќ бараше 100 милиони евра, но поради финансиските загуби од пандемијата е спремен да го пушти за 70 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србинот е мета на многу европски гиганти, но најсилен интерес за него покажува ПСЖ. „Светците“ испратија понуда од 60 милиони евра која беше одбиена, па сега ќе треба да ја подобрат само за 10 милиони евра.
Наводно Леондардо е спремен да ја плати оваа сума и веќе е во напредни преговори со менаџерот на СМС, Матија Кежман.
Меѓутоа, „светците“ ќе имаат голема конкуренција бидејќи за потписот на Милинковиќ-Савиќ интерес покажуваат уште Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.