Лацио во последните денови од преодниот рок може да донесе големо засилување за следната сезона.
Станува збор за ѕвездата на Пари Сент Жермен, Јулијан Дрекслер, кој би можел да се пресели на „Олимпико“ во следните денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, па сака да донесе едно големо засилување, а веќе подолго време работи на трансферот на Германецот.
Договорот на Дрекслер со „светците“ трае до следното лето, па поради тоа ПСЖ е спремен да го пушти за само 15 милиони евра.
Меѓутоа, 27-годишниот Германец треба да се согласи на 30% помала плата за да се пресели на „Олимпико“.
Преговорите со неговиот агент се во тек, а италијанските медиуми се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.
Lazio is showing interest in Julian Draxler & they could make a move for him this week. PSG are asking for €15m, while the player makes €7m/season which could be an issue for Lazio. Draxler would have to take a pay cut ???
— Italian Football TV (@IFTVofficial) September 24, 2020
? via CorSport pic.twitter.com/Z4KsfxZ96x