Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на Јулијан Дрекслер од ПСЖ.
Германецот влезе во последната година од договорот и нема најави дека ќе ја продолжи соработката со ПСЖ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата како и Севиља, но медиумите тврдат дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис.
Со оглед дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната, Милан ќе му понуди на францускиот клуб симболична сума за да го донесе уште во јануари, во спротивно Дрекслер ќе пристигне на „Сан Сиро“ без обештетување следното лето.