Лацио оваа сезона игра фантастично и на големо изненадување се најде во борба за Скудетото во Серија А.
И покрај фактот што првенството е во прекин и не се знае како ќе заврши, готово сигурно Лацио следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони и има големи планови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Главни мети на клубот ќе бидат играчот за врска на Милан, Џакомо Бонавентура и напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру.
Договорот на двајцата играчи истекува на лето и ќе бидат слободни агенти, па Лацио веќе работи на нивните трансфери и се обидува да го убеди да се преселат во Рим.