Дома Топ вести Лапорта се огласи: Куман останува на кормилото на Барселона

Лапорта се огласи: Куман останува на кормилото на Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денес јавно се огласи и стави крај на шпекулациите за иднината на Роналд Куман.

Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Каталонците ќе му врачат отказ на Холанѓанецот.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Претседателот Лапорта денес пред големото дерби со Атлетико Мадрид изјави дека Куман ќе остане на кормилото на Барселона.

„Куман останува тренер на Барселона. Ја има нашата доверба затоа што пред се е легенда на клубот. Ценам што се согласи да биде на кормилото во овие тешки времиња“, изјави Лапорта.

„Денеска имав разговор со него, му ги пренесов моите размислувања за актуелната ситуација. Тој исто така доживеа тешки моменти, но и натаму е мотивиран да ја извршува функцијата“, додаде претседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФИФА не простува: Лажирале настапи за репрезентација, сега стигнаа казните

Нов скандал избувна во светскиот фудбал, а овој пат ФИФА не беше милосрдна и воведе санкци…