Дома Фудбал Лапорта: Росел и Бартомеу ја уништија Барса!

Лапорта: Росел и Бартомеу ја уништија Барса!

Во големото интервју за сајтот „Goal.com“, поранешниот претседател на Барселона од најславните денови, Жоан Лапорта понуди објаснување за тоа што се случува со каталонскиот гигант, како резултатски, така и во однос на кредибилитетот.

Да, Барселона повеќе не е доминантна сила во шпанскиот, европскиот и светскиот фудбал, тоа се виде минатата сезона, кога најважните трофеи завршија во витрините на најголемиот ривал, Реал Мадрид. Меѓутоа, ова лето Барселона доживеа удар и надвор од теренот, кога еден од најважните играчи, Нејмар, одлучи да си замине и „Камп Ноу“ да го замени со „Паркот на Принцовите“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како дојде до тоа тимот кој секоја втора сезона освојуваше тројна круна и кој доминираше против секој тим, играчите да го чекаат само повикот од Каталонија, до тоа што сега прво го чекаат повикот од Мадрид, Манчестер, Париз, па потоа Барселона? Одговорот на ова прашање се обиде да го даде поранешниот претседател на каталонскиот клуб и тоа во периодот од најголемата доминација од 2003. до 2010. Во тој период освоени се две ЛШ, првите од 1992. и тогаш започна периодот кога Реал беше далеку послаб тим од Барселона, а често беа и убедливите порази како 5:0 на „Камп Ноу“ против Мурињо, а само во Мадрид 3:0, 6:2, 4:0.

„Трофеите во Лигата на Шампионите и 6:2 на Бернабеу, како и начинот на кој игравме беше дефинтивно врвот на спортскиот план. Но, основата на тоа беа домашните играчи од „Ла Масија“. Исто така, клубот не имаше спонзори на дресот, кој беше уникатен. Сето ова изгледа како прекрасна филозофија, која го одвои клубот од другите. Работите брзо се променија од 2010. со доаѓањето на Сандро Росел. Нивниот единствен интерес беше да не дискредитираат во желбата да докажат дека клубот сме го наметнале во долгови. A тој е оној кој е во затвор поради ангажманот со Катар, кој во моментов се најде на дресот. Потоа правдата беше задоволена и докажано дека работевме на вистински начин. Кога станува збор за Бартомеу, тој со отров и лаги ја киднапираше Барселона. И тој исто така, се соочува со жалби, а сето тоа го нарушува кредибилитетот“, изјави Лапорта.


Тоа губење на кредибилитетот, што најдобро се манифестира во случајот на Нејмар и ПСЖ, со што беше направен цел круг, бидејќи периодот на доминацијата на Барселона започна со доведуваето на големиот Роналдињо, случајот токму од парискиот клуб, Лапорта го наведува како еден од главните причини за препуштање на приматите во Реал Мадрид, како и напуштањето на патот кој го трасираше Кројф.

„Реал многу добро работи, а самиот Чави изјави дека играчите како Иско, Асенсио и Себаљос се совршени за Барса, а не за во Мадрид. Тоа е доказ дека клубот го загуби кредибилитетот, падна во ‘зимски сон’, а Реал тоа го искористи. Повеќе Барса не може лесно да доведе играчи како Марко Верати од ПСЖ. Тоа се случи со напуштање на филозофијата Барса да биде своја, а тоа беше приказ на УНИЦЕФ на дресот и Ла Масија. Од неа излегоа Чави, Иниеста, Пике, Пујол, Бускетс, Лео, а сега само Серхио Роберто. За мене Жоан Гампер, Ласло Кубала и Јохан Кројф се трите најважни фигури во историјата на Барселона и тие го трансформираа клубот во насоката во која денеска го познаваме. Јохан инсистираше на начинот на игра, кој внимателно го пренесувавме во Ла Масија. Тој пат покажа и резултати на теренот. Навистина е освоена тројна круна во 2015., но таа беше резултат на големиот индивидуален квалитет на триото Меси-Нејмар-Суарез, но во суштина Барселона го загуби идентитетот и затоа сега делува уништено.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без него Сити не може никого да победи, а тој порачува: Уживам во одморот!

Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативецот на Шпанија Родри изјави дека се надева де…