Шпанскиот фудбалски клуб Барселона донесе одлука да направи статуа за својот поранешен играч Лионел Меси.




Ова денес го потврди претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за шпанските медиуми.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Ќе изградиме статуа на Лео Меси пред стадионот Камп Ноу. Одлуката е веќе донесена“, изјави Лапорта.




Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година и се запиша во историјата освојуваќи се што можеше да се освои.




Меси е рекордер во Барселона по најмногу постигнати голови (672), асистенции (303), одиграни натпревари (778) и е најдобар голегетер во шпанското првенство со 474 голови.




Минатото лето Меси ја напушти Барселона како слободен агент откако клубот не можеже да го регистрира во лигата неговиот богат договор.
Аргентинецот е најважната фигура во поновата историја на Барселона, па клубот ќе му направи статуа.