Дома Топ вести Лапорта не може да го прежали Меси: Договорот беше спремен, имавме начин да го доведеме

Лапорта не може да го прежали Меси: Договорот беше спремен, имавме начин да го доведеме

Жоан Лапорта успеа да направи многу позитивни работи од кога се врати на претседателското место во Барселона, но немаше успех во обидот да го врати Меси.

Изгледаше дека Меси е многу блиску до враќање на Барселона и Лапорта потврди дека така било, на крајот сепак, Аргентинецот се одлучил за Интер Мајами.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Имаше можности, постоеше договор, Лео прифати, Хорхе прифати…Не сакавме нешто непредвидливо да се случи и им кажавме дека ќе ги известиме кога се ќе биде во ред со финансискиот фер-плеј. Помина некое време, договорот беше спремен, а тогаш Хорхе сакаше да разговара со мене и во тој разговор ми кажа дека се одлучиле за Интер Мајами. Лео се одлучил за клуб каде што ќе има помал притисок по двете тешки сезони во Париз“, изјави Лапорта.

Од тој момент немало разговори, а Меси го комплетираше трансферот и во наредните денови ќе биде официјално промовиран откако денес пристигна во Мајами заедно со своето семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Не издржа долго без фудбал: Гомез се враќа и ќе игра повторно во Италија!

По кратко време без фудбал, Алехандро “Папу” Гомез повторно ќе игра на професи…