Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта индиректно стави точка на доаѓањето на Ерлинг Халанд на лето и порача дека Барселона нема да прави астронмски трансфери.
Сепак, Лапорта истакна дкеа клубот на лето ќе доведе најмалку четири засилувања за да ги засили најважните позиции во тимот.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Ќе обезбедиме најмалку четири потписи за да го засилиме нападот, средниот ред и одбраната. Кеси потпиша, додека со Кристенсен имаме усмен договор“, порача Лапорта.




Новинарите сепак најмногу ги интересираше Ерлинг Халанд. Лапорта порача дека операција како Халанд во овој момент е ризик за Барселона.




„Нема да направиме ниту еден трансфер кој би го довел клубот во опасност. Тоа е нашата филозофија. Можете да зборувате за играчите и астроносмките суми, но запаметете дека Барселона нема да ја изгуби главата“, порача првиот човек на Каталонците.