Дома Фудбал Лапорта: Како може Реал да се жали, па во неделата видовме нов скандал!

Лапорта: Како може Реал да се жали, па во неделата видовме нов скандал!

Кандидатот за претседател на Барселона, Жоан Лапорт жестоко го нападна Реал Мадрид.

Лапорта ќе биде главен фаворит да победи на изборите закажани на 24. јануари и тој уште сега одлучи да тргне со напади на најголемиот ривал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега ја коментираше ситуацијата околу играњето со рака на мечот Еибар – Реал Мадрид кога домашниот тим не доби пенал.

Тој истакна дека не го сака ВАР, но дека некои ситуација и без него се чисти како солза.

Рамос играше со рака и тоа е очигледно, Еибар не доби чист пенал. Полудев поради тоа. Не го сакам ВАР ја уништува автентичноста на фудбалот. Не можам да се навикнам дека се прекинува славјето при головите, треба да се повлече некоја црвена линија…Ќе разговарам со луѓето задолжени за ВАР многу работи ќе треба да ми објаснат“, изјави Лапорта.

Тој ја коментираше и изјавата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека неговиот клуб бил дискримниран во однос на други клубови.

„Нема никаков аргумент во тоа што го зборува. Во неделата видовме уште еден скандал и не знам како можат да се жалат“, порача кандидатот за прв човек на Барселона.

Ситуацијата за која зборува Лапорта можете да ја погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хенес без влакно на јазикот: “Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн е барем…”

Долгогодишниот челник на Баерн се осврна на пазарната вредност на напаѓачите и актуелните …