Дома Трансфер зона Лампард убеден: Нов договор за дефанзивецот!

Лампард убеден: Нов договор за дефанзивецот!

Пред самиот почеток на сезоната, Челзи е означен како тим кој ќе биде еден од најголемите губитници оваа сезона.

„Сините“ имаа промена на тренерот, потоа и имаа забрана за трансфери со што не можеа да купат никого во летниот трансфер период, а нема да можат да купат ниту на зима, додека нивниот најдобар играч Еден Азар си замина во Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Но, клубот од „Стемфорд Бриџ“ игра добро, против Ливерпул покажаа дека можат да се натпреваруваат и со најдобрите клубови од Премиер лигата. Особено кога ќе се земе во предвид дека најдобрите играчи на клубот од Лондон се нивните деца, Абрахам и Маунт.

Англиските медиуми пишуваат дека се подготвува и нов договр за Томори. Младиот стопер веќе играше на пет натпревари, во Премиер лигата дојде и до гол. За сега одлично го заменува повредениот Ридигер, ќе видиме дали ќе игра со Германецот во претстојниот период со оглед на тоа што и Кристенсен се повреди на последниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…