Дома Фудбал Англија Лампард по победата на Евертон: Беше емотивно, се изгубив и си ја скршив раката

Лампард по победата на Евертон: Беше емотивно, се изгубив и си ја скршив раката

Eвертон успеа да освои важни три бода во чуден натпревар против Њукасл.

Поради хаосот во кој еден навивач за врза за стативата натпреварот беше продолжен цели 14 минути, но фудбал се играше дури до 107 минути кои сепак ќе останат во добро сеќавање на навивачите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


До победата Евертон дојде со гол во 99. минута, а овој триумф има поголемо значење ако се знае дека до него дојдоа со играч помалку на теренот. Алан заработи црвен картон поради непромислен старт, меѓутоа домаќините дојдоа до победа со голот на Ивоби во 99. минута.

„Си ја скршив раката за време на прославата, беше навистина емотивно и се изгубив. Моите коски на рацете изгледа се помеки, не се сеќавам точно на моментот кога си ја скршив раката“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер може да го замени Зомер со италијански голман

Плановите на Интер за летниот трансфер период ги опфаќаат позициите на голманите. Јан Зоме…