Челзи и Барселона одиграа реми 1:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Гледавме лавовска борба на секој дел од теренот, а Челзи не успеа да ја задржи предноста до која стигна со голот на Вилијан, Меси успеа да изедначи на 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овие 1:1 секако им одговараат на Каталонците кои реваншот ќе го играат на свој терен, а навивачите на „сините“ се воодушевени од двајца играчи.
Вториот омилен играч на вечерта е Н’Голо Канте кој во главно одработи добра задача чувајќи го Лионел Меси и не може да се обвинува за примениот гол кој дојде по грешката на младиот Кристенсен.
Френк Лампард пред натпреварот истакна дека верува во квалитетите на Канте да го запре Меси. Неговата изјава можете да ја прочитате ТУКА.