Дома Трансфер зона Лампард избра мета за одбраната, но Челзи ќе мора да плати 100 милиони евра?

Лампард избра мета за одбраната, но Челзи ќе мора да плати 100 милиони евра?

Eкипата на Челзи во летото кое следи ќе се обиде да се засили на позицијата покрај левата аут линијата.

Оваа сезона ја започна Палмери, пред првенството да се прекине Алонсо се „врати во живот“. Шпанецот имаше неколку одлични настапи, меѓутоа се очекува Лампард да доведе засилување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мета на Челзи е Бен Чилвел од Лестер. Сепак, тој нема да биде лесна затоа што Лестер за неговите услуги наводно бара 100 милиони евра.

Алтернатива на Чилвел е Алекс Телес, Бразилецот има уште една година од договорот со Порто и игра една од подобрите сезони во својата кариера. Од друга страна Чилвел сезонава има 28 натпревари со учинок од два гола и четири асистенции. Неговиот договор има важност до 2024 година, па поради тоа Лестер може да си дозволи да бара висока сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…