Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Ние сме победници, така и ќе се поставиме

Лазаров: Ние сме победници, така и ќе се поставиме

Македонскиот селектор и капитен Кире Лазаров го собра националниот тим пред последните два меча од квалификациите против Финска и Швајцарија.

Македонија имаше тренинг со 21 ракометар, а Лазаров утре ќе избере 16 со кои ќе патува во Финска.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Теоретски го обезбедивме пласманот на ЕП, но нема да се опуштиме и одиме максимално. Ние сме победници и имаме голема желба за нова победа. Не сакам да се навраќам на тоа дека немаме време, но искусни сме и знаеме како да изиграме. Одиме во Финска и имаме јасен план“, истакна Лазаров.

„Со Финска сме фаворити, така ќе се поставиме. Секој треба да си преземе одговорност, од јас како селектор до играчите индивидуално. Не треба ниту во еден момент да се посомневаме дека Финска може да ни направи проблем“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…