Дома Останати Ракомет Лазаров: Незгодно е да бидеш на спротивната страна, но ние сме професионалци

Лазаров: Незгодно е да бидеш на спротивната страна, но ние сме професионалци

Екипата на Вардар денес со почеток од 18:00 часот на фајнал форот во Келн ќе игра против Барселона во која настапуваат Борко Ристовски и Кире Лазаров.

Нашиот капитен знае дека на неговиот тим нема да му биде лесн против Вардар.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


,„Вардар заслужи да биде тука. Славеа над големи тимови како што се Кјелце, Фелнзбург… Во овој натпревар влегуваме максимално внимателни и со голема почит кон Вардар. Имаат фантастични поединци на сите позиции, но сметам дека ние сме добро подготвени. Најискусни сме тука со девет титули, другите тимови немаат титула, но затоа ќе играат со огромна желба за победа”, изјави Кире.

Потоа нашиот капитен зборуваше за тоа како е да се биде против “своите“.

„Ова за мене не е прв пат да играм против Вардар, играв против Вардар и Металург во групна фаза, но оваа ситуација е далеку поразлична. Секако дека не е сеедно кога играш против тим од својата држава, знам дека нема да ја имам поддршката од Македонците, сепак ние сме професионалци“, откри македонскиот капитен.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Легендарниот вардарец Дибиров ја игра последната сезона во кариерата

Рускиот ракометар Тимур Дибиров, еден од најголемите асови на европскиот ракомет и двоен о…