Актуелниот тренер Роберто Гарсија Парондо се договори да биде нов селектор на репрезентацијата на Египет, па Вардар започна да бара нов кормилар.
Словенечките медиуми пренесоа информација дека нов тренер на „црвено-црните“ ќе биде Урош Зорман, кој моментално е помошник на Талант Душебаев во Кјелце, но и прв асистент на Веселин Вујовиќ во словенечката репрезентација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега стигна потврда и директно од првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас, кој потврди дека Вардар го сака Зорман.
„Информацијата за интересот на Вардар за Урош Зорман ме изненади. Секако, неговото евентуално заминување за нас ќе биде проблем, ќе мораме брзо да најдеме друго решение. Но, сфаќам дека ова е голема шанса за Урош, да седне на клупата на новиот европски првак. Тој секогаш ќе има максимален респект во Кјелце, има направено многу за нашиот клуб, па затоа нема да му стојам на патот“, изјави Сервас.
Урош Зорман е приказна слична на Парондо, досега немал искуство како прв тренер и всушност му е асистент на Вујовиќ и Душебаев.