Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Кјелини: Англичаните очекувано се во финале, 6 од 7 натпревари одиграа на домашен терен

Кјелини: Англичаните очекувано се во финале, 6 од 7 натпревари одиграа на домашен терен

Капитенот на италијанската репрезентација Џорџо Кјелини за Раи Спорт зборуваше за финалето на ЕП, во кое Италија во неделата ќе игра против Англија на Вембли.

„Овој сон го негувавме три години, а изборникот не престана да не убедува додека тоа не стана реалност. Кога пред три години ни рече да почнеме да размислуваме за освојување на ЕП, мислевме дека е луд, но еве не на прагот на тоа постигнување.“ – рече Кјелини.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Очекувал во полуфиналето да се сретната со Французите, но тие испаднаа од Швајцарија во осминафиналето. Исто така истакна дека бил прилично сигурен дека во финалето ќе игра Англија.

„Мислевме дека во полуфиналето ќе играме со Франција, а не со Шпанија. Го имаа потребниот квалитет и репрезентативно искуство и мислев дека се чекор пред останатите.“

„Веднаш знаев дека Англија ќе биде сериозен кандидат за освојување на ЕП. Имаа квалитет, физички се силни, цврсти и организирани. Можеби не играат убаво, но тешко е да ги победите. Беа и во полуфиналето на СП, а лесно можеше да се предвиди дека ќе бидат во финалето бидејќи играат шест од седум натпревари на домашен терен.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…