Дома Фудбал Иако не е омилен кај љубителите на фудбалот, Кјелини со овој потег покажа дека и на 37 години е еден од најдобрите дефанзивци

Иако не е омилен кај љубителите на фудбалот, Кјелини со овој потег покажа дека и на 37 години е еден од најдобрите дефанзивци

Италија Европското првенство го отврои со одлична игра и убедлива победа против Турција. На Олимпико Аѕурите славеа со 3:0.

Иако не го понесе епитетот играч на натпреварот, фантастичен во последната линија беше Џорџо Кјелини, кој без дилеми е еден од најдобрите стопери на светот.

Кјелини не е омилен играч помеѓу фудбалските симпатизери, но нема дилема дека се работи за квалитетен играч и вистински лидер и капитен.

Иако за неколку месеци ќе наполни 37 години против Турција ја покажа својата сигурност и доколку не заработи некоја повреда Италијанците со него во последната линија сигурно ќе стигнат далеку.

Импресивната партија Кјелини ја заврши со перфектен старт на Јилмаз кој го прослави како да постигнал погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…