Дома Фудбал Jувентус му понуди на Кјелини да се врати во клубот, познато и во која улога

Jувентус му понуди на Кјелини да се врати во клубот, познато и во која улога

Џорџо Кјелини пред неколку дена објави дека ја завршува професионалната кариера, а легендарниот дефанзивец веднаш доби понуди да остане во фудбалот.

Брзо реагираше неговиот поранешен клуб Јувентус, каде што ги помина најдобрите денови во кариерата. Исто така Американците му понудија да стане дел од раководството на лигата, додека репрезентацијата на Италија му понуди место како помошник на Спалети.

Но, понудата од Јувентус веројатно е на прво место за Кјелини. Јувентус на својот поранешен фудбалер му нуди прво да биде амбасадарот на клубот во наредните две години.

Кјелини од друга страна има желба да работи во клубот, а во Јувентус сметале дека за тоа е потребно искуство, па затоа по две години како амбасадор оставиле простор за нови преговори за директорска функција.

Сега се чека одговорот на екс-дефанзивецот на ваквата понуда, дали ќе работи како амбасадор и ќе чека понуда да се вклучи во работата на клбуот или ќе прифати некоја од останатите понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…