Новиот претседсател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, па веќе ја одреди и неговата цена.
Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Барселона е спремна да го продаде Кутињо за „само“ 40 милиони евра, а таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Јувентус и Милан.
Најсилен интерес покажува „старата дама“, бидејќи Пирло е во потрага по квалитетен плејмејкер.
„Бјанконерите“ се спремни да ја платат сумата од 40 милиони евра, па веќе стапиле во контакт со агентот на Бразилецот.