Дома Фудбал Германија Кутињо мораше на операција

Кутињо мораше на операција

Баерн Минхен во продожение на сезоната ќе влезе без Фелипе Кутињо кој заврши на операција на глуждот.

Бразилецот денеска ја направи операцијата и сега го чека долга пауза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Не е познато кога ќе се приклучи на екипата, а секако не е сигурно и неговото останување во Минхен.

Во Барселона веќе нема место за него, а од Баерн порачаа дека нема да го откупат договорот по крајот на сезоната.

Со тоа станува јасно дека Кутињо мора да бара нов клуб, а се поизвесно е негово враќање во Премиер лигата.

Тој настапуваше за екипата на Ливерпул, а неодамна се шпекулираше дека за него е заинтересиран дури и Евертон. Сепак, неговиот менаџер му го понуди Челси, а останува да видиме за кој на крајот ќе се одлучи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челси го исфрли најплатениот играч од тимот, а сега се ослободува од него

Поранешната ѕвезда на Челси, Рахим Стерлинг, кој падна во втор план кај тренерот Енцо Маре…