Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо на почетокот на оваа календарска година го напушти Ливерпул и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Барселона.
Кутињо така стана најскапиот играч во историјата на Барселона, а „Црвените“ заедно со бонусите ќе инкасира околу 160 милиони евра. Бразилецот призна дека е доста врзан за екипата на Ливерпул и веќе користи неколку слободни денови за да ги посети своите некогашни соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на шпанските медиуми, Кутињо и натаму е добро информиран што се случува во некогашниот клуб, а потоа доби информација дека „Црвените“ на лето ќе донесат засилување од Реал Мадрид. Како што се наведува, се работи за Карим Бензема кој се наоѓа на излезни врати од шпанскиот клуб.
Како што пишува Мундо Депортиво, Јирген Клоп сака да донесе искусен напаѓач, а сега има идеална шанса да го зграби Бензема кому не му оди баш најдобро оваа сезона. Во Ливерпул веруваат дека францускиот играч брзо ќе се навикне на нивниот стил на играта.