Бразилскиот плејмејкер, Филипе Кутињо се надева дека ова лето ќе може да се врати во Премиер лигата, пренесува „Мундо Депортиво“.
27-годишниот Бразилец е во сопственот на Барселона, но игра како позајмен фудбалер во Баерн Минхен. Веќе стана јасно дека Баварците нема да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната, па многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Кутињо веќе ги одбил понудите на Пари Сент Жермен и Интер бидејќи неговата цел е од следната сезона да игра повторно во Премиер лигата.
Кутињо фудбалската афирмација ја доживеа во Англија каде блескаше во дресот на Ливерпул од 2013 до 2017 година, а потоа се пресели во Барселона за 160 милиони евра.
Барселона е спремна да го продаде Бразилецот за 100 милиони евра, а најсилен интерес за него покажуваат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.