Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Шкендија поведе преку Ибраими, Фелипе изедначи со мајсторија – реми на „Филип Втори“

Куп на Македонија: Шкендија поведе преку Ибраими, Фелипе изедначи со мајсторија – реми на „Филип Втори“

Денес со почеток од 14:00 својот натпревар од ¼ финалето на македонскиот куп го одиграа двете најдобри македонски екипи Вардар и Шкендија.

Натпреварот кој заврши без победник 1:1 се одигра на националната арена „Филип Втори“. Во првите 45 минути Шкендија беше тимот кој повеќе закануваше, но сепак погодоци немаше, на полувреме се замина со 0:0.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во вториот дел Вардар прикажа нешто подобра отколку во првите 45 минути. Но, гостите од Тетово беа тие кои први стигнаа до предност. Бесарт Ибраими во 63 минута во еден соло продор по левата страна испрати удар покрај Тошевски и успеа да го совлада Гачевски за водство на Шкендија од 0:1.

Вардар до изедначување стигна петнаесетина минути подоцна. Хуан Фелипе кого скоро и да го намеше никаде во текот на целиот натпревар успеа да погоди со мало ремек дело од слободен удар и да ги постави конечните 1:1.

Реваншот е закажан за 7 март кога и ќе биде одлучен патникот во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …