Денес се играа натпревари од 1/16 финалет ово Купот на Македонија.
Македонскиот шампион Шкупи имаше успешен старт и ја елиминираше Беласица со победа од 1:3. Победата на Шкупи ја донесоа Фреди Алварез и Сандеј Адетунџи. Академија Пандев убедливо го совлада Тетекс со 0:6, со истиот резултат Победа го совлада Карбинци и ова беа најубедливите победи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најмногу голови се постигнаа на натпреварот Фортуна – Борец, а на крајот домаќините славеа со 5:3. Шкендија со 0:3 беше сигурна против Караорман. Брегалница со истиот резултат ја доби Слога Виница, а Тиквеш со 0:2 триумфираше против Кожуф на гости.
Работнички немаше проблем и со „петарда“ 0:5 го елиминираше Коњари. Хет-трик на оваа средба постигна Рушевиќ.
Место во осминафиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија финалистите од минатата година Македонија ЃП и Силекс, како и Љуботен, Скопје и Воска Спорт.
1/16 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Беласица – Шкупи 0-3
Тетекс – Академија Пандев 0-6
Гостивар – Пелистер 0-1
Kараорман – Шкендија 0-3
Слога Виница – Брегалница 0-3
Кожуф – Тиквеш 0-2
Вардар Неготино – Струга ТЛ 1-2
Саса Каменица – Вардар 0-3
Коњаре – Работнички 0-5
Фортуна – Борец 5-3
Карбинци – Победа 0-6
Фото: ФК Шкупи