Академија Пандев, Македонија ЃП, Силекс и Струга Трим Лум се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија после денешните натпревари.
Најдолго се играше на мечот Силекс – Шкендија, а во пенал рулетот Силекс излезе како победник. Резервниот голман на Кратовчани им одбрани пенали на Тотре и Ибраими со што го однесе Силекс во полуфиналето. Претходно резултат беше 0:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија Ѓорче Петров немаше поголеми проблеми и со високи 1:4 ја победи Белсица на гости.
Струга Трим Лум минимално со 1:0 славеше против Ренова 1:0, одлучувачкиот гол од пенал го постигна Лена во 53. минута.
Академија Пандев го доби Шкупи со 2:1. Томовски и Илиев погодуваа за „пандевци“, а Дарбо беше стрелец за Шкупи.