Денешниот ден носи средби од четвртфиналето во Купот на Македонија.
Најголемото внимание е насочено во Битола каде што Пелистер ќе го пречека Вардар. Пелистер игра лоша сезона во ПМФЛ и се најсериозниот кандидат за преселба во понизок ранг. Вардар во втората лига игра променливо, па „Под Тумбе Кафе“ може да очекуваме неизвесен дуел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Силекс кој го брани трофејот оди на пресметка со Брегалница од Штип. Кратовци сезонава како второлигаши бараат нов успех во купот. Сепак, во четвртфиналето ги чека тежок предизвик против Брегалница. Брегалница е во одлична форма и се надева дека тоа ќе го прикаже и денес. Во втората лига Силекс нема пораз, а последниот неуспех го имаа токму против денешниот противник во подготовките на пријателскиот дуел во текот на летото.
Струга ќе се обиде да ја изненади Шкендија која во претходната фаза ја прегази Ренова. И во ПМФЛ момците на Акраповиќ фаќаат ритам и почнуваат да се доближуваат до горниот дел. Секако дека добрата форма ќе им биде причина за поголема самодоверба.
Во последниот дуел ќе имаме скоска пресметка помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Шкупи. „Лавовите“ ќе бидат домаќини на тимот кој чекори кон титула во ПМФЛ. Меѓутоа Шкупи на почетокот на ноември токму против Ѓорче на гости беше поразен. Ќе потсетиме од клупата Македонија Ѓорче Петров е предводен од поранешниот член на Шкупи, Муарем Бајарами кој бележи одлични резултати.
Сите натпревари се играат со почеток во 13:00 часот.
Фото: Димитар Петковски