Дома Фудбал Италија Кунг-фу Ибра му донесе победа на Милан?

Кунг-фу Ибра му донесе победа на Милан?

Милан запиша тешка победа на гостувањето кај Удинезе, а херој за „росонерите“ повторно беше Златан Ибрахимовиќ.

Натпреварот започна добро за Милан кој поведе во 19-та минута со голот на Кеси после асистенцијата на Ибрахимовиќ. До крајот на полувремето „росонерите“ доминираа, но не успеаа да постигнат втор гол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На стартот на вториот дел судијата покажа на белата точка, откако Ромањоли го фаулираше Песото, а сигурен реализатор беше Де Паул.

Милан до крајот тргна во целосна иницијатива, а Ибра во 83-та со феноменален потег постигна гол со „ножички“ за победа од 2:1 и задржување на врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…