Дома Фудбал Куман пуштен на домашно лекување

Куман пуштен на домашно лекување

Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман во неделата беше примен во болница во Амстердам поради проблеми со срцето.

Куман бил префрлен во болница со брза помош бидејќи се пожалил на проблеми со срцето, а за среќа неговата сопруга реагирала експресно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холандскиот тренер беше подложен на операција и му бил вграден стент. Вчера беше потврдено дека се поминало добро и Куман се опоравува како што било планирано.

Холандските медиуми денес објавија дека Куман ја напуштил болницата и дека ќе продолжи да се опоравува дома. Тој по напуштањето на болницата изјави дека се чувствува добро и наскоро ќе биде подготвен да се врати на својата работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…